Tuesday, February 17, 2009

Happy WakeUp

HappyWakeUp е паметен будилник адаптиран во вашиот телефон
Будилникот всушност ве буди наутро кога сте будни или скоро будни
(оваа фаза од сонот се вика arousal)
HappyWakeUp не се обидува да ве разбуди додека сте во длабок сон или REM(фаза во која сонувате).
Тоа се моментите во кои најтешко се будите.HappyWakeUp ги детектира природните циклуси на вашето спиење и оптималните моменти за да се разбудат вашето тело и мозок.
Ова ви овозможува:
-лесно будење
-веднаш се осеќате посвежи
-не се осеќате како гроги

Како всушност работи будилникот:

HappyWakeUp го детектира оптималниот момент за будење,така што го надгледува квалитетот на вашето спиење преку микрофонот од телефонот.Всушност ги слуша вашите движења во текот на ноќта.
Затоа телефонот треба да биде блиску до вас,се препорачува да е на вашиот кревет.
На тој начин се прави анализа на вашето спиење.
Прво што треба да направите е да го наместите алармот од телефонот,потоа го активирате HappyWakeUp
и ќе приметите дека тастатурата ќе се заклучи.HappyWakeUp се активира 20 мин пред главниот аларм и доколку не се разбудите до тогаш,се активира главниот аларм

Напомена:Апликацијата не е сајнувана!!!

Download

No comments: