Tuesday, March 25, 2008

Sunday, March 23, 2008

Firmware versions of Nokia mobile phones

Во овој пост ќе ви претставам еден сајт,кај што ќе можете да проверите која е последната верзија на софтверот за вашиот телефон.Од левата страна ви е прикажано како да проверите која е верзијата на софтверот на вашиот телефон.
Подолу во "search" менито го внесувате моделот на телефонот за кој ви требаат податоците.
Сајтот располага со статистики за сите изданија
на софтвер за избраниот модел,значи табела со
карактеристики, споредба на претходните изданија со поновите, подобрувања и сл.

Saturday, March 15, 2008

MobiTubia


MobiTubia е Youtube клиент преку кој можете
да гледате и
симнувате клипови од Youtube.Оваа верзија е со поправени багови.Може да ја симнете оваа freware верзија тука.

Tuesday, March 4, 2008

Сончева енергија за екстра време за разговор


Овој концепт претставува соларен панел кој изгледа како приврзок.Досега е дизајниран да го зголеми работното време на вашиот мобилен. Соларниот панел нема директно да ја наполни вашата батерија,туку ќе наполни една мала батерија која ќе му даде на вашиот мобилен 25 минути екстра живот. Треба да се нагласи дека на оваа направа,намената не и е за целосно полнење на телефонот,бидејќи би требало да чекате 6-10 часа добри сончеви зраци. Но би можелада ви се најде за итни случаеви Покрај
се ова е мала направа која нема воопшто да зафаќа
простор во вашиот џеб.

Направата скоро се појави во Јапан,па ако сте од оние кои"окапуваат"
на мобилен ќе може да ја купите наскоро.

Monday, March 3, 2008