Во овој пост ќе ви претставам еден сајт,кај што ќе можете да проверите која е последната верзија на софтверот за вашиот телефон.Од левата страна ви е прикажано како да проверите која е верзијата на софтверот на вашиот телефон.Подолу во "search" менито го внесувате моделот на телефонот за кој ви требаат податоците.Сајтот располага со статистики за сите изданијана софтвер за избраниот модел,значи табела сокарактеристики, споредба на претходните изданија со поновите, подобрувања и сл.
MobiTubia е Youtube клиент преку кој можете
да гледате и симнувате клипови од Youtube.Оваа верзија е со поправени багови.Може да ја симнете оваа freware верзија тука.
Овој концепт претставува соларен панел кој изгледа како приврзок.Досега е дизајниран да го зголеми работното време на вашиот мобилен. Соларниот панел нема директно да ја наполни вашата батерија,туку ќе наполни една мала батерија која ќе му даде на вашиот мобилен 25 минути екстра живот. Треба да се нагласи дека на оваа направа,намената не и е за целосно полнење на телефонот,бидејќи би требало да чекате 6-10 часа добри сончеви зраци. Но би можелада ви се најде за итни случаеви Покрај се ова е мала направа која нема воопшто да зафаќапростор во вашиот џеб.Направата скоро се појави во Јапан,па ако сте од оние кои"окапуваат"на мобилен ќе може да ја купите наскоро.